Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон со 3:2 во сетови и стигна на првото место на АТП листата. Ѓоковиќ рече дека иако е помлад 16 години од него Шпанецот заслужено е лидер на АТП листата.
„Карлос докажа дека е најдобриот тенисер на планетата, во тоа нема сомнеж. Игра фантастичен тенис на сите подлоги и заслужува да биде таму каде што е сега“, рече Ѓоковиќ.
Иако му годат убавите зборови, Карлос на новинарите им рече дека сè уште не се чувствува како најдобар на светот и дека сè уште го смета Ѓоковиќ за број еден во тенисот.
„Сè уште мислам дека Новак е најдобар и ова го мислам искрено“, рече Карлос и додаде: „Морам да го победам повеќе од еднаш за да бидам на врвот. Веројатно е поинаку за другите затоа што јас сум најдобар за нив и сега сум на мета на сите, но Новак е уште тука и сакам уште многу пати да играме еден против друг. Ако сакате да бидете најдобри, треба и да ги победувате најдобрите.
За потсетување, Шпанецот е третиот најмлад тенисер кој го освоил Вимблдон. Пред него тоа им успеало само на Бјорн Борг и Борис Бекер. Иако има 20 години и уште многу време за титули, сепак и Ѓоковиќ сè уште го нема кажано последниот збор и рече дека има намера да го освои 24. трофеј на „УС Опен“.
The post Не сум јас најдобариот на светот туку Ѓоковиќ, Карлос Алкараз по победата на Вимблдон appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
