ноември 22, 2024

Добивав закани лично и директно од Христијан Мицкоски со зборовите “Ќе те влечеме по улици во првиот момент кога ќе станам премиер”, рече во вчерашното гостување во Само интервју градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

ЕСЕ: Насилството врз Арсовска претставува психолошки облик на родово базирано насилство

Дали станува збор за насилство и каков вид на насилство е тоа прашавме во Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

ЕСЕ се здружение кое се бори за правата на жените, прво од ваков вид во Македонија кое се занимава со спречување на насилство врз жените и семејно насилство.

Во продолжение нивниот став:

– Секое однесување со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, во овој случај кај градоначалничката на Град Скопје, претставува психолошки облик на родово базирано насилство.

Иако овој облик на родово базираното насилство како таков не е сеуште регулиран во Кривичниот законик (обврска која произлегува од потпишувањето на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство), МВР и ОЈО секако и во моментот можат да постапат по поднесена приватна тужба за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“ согласно чл. 144 ст. 1 од Кривичен законик. – велат од ЕСЕ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK