септември 21, 2024

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во телевизиско гостување изјави дека Христијан Мицкоски лично ѝ се заканувал.

Арсовска кажа дека добивала закани од Мицкоски со зборовите “Ако не го сториш ова, ќе ти се случи тоа и тоа. Во првиот момент кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици, ќе бришеме под со тебе…”

За ваквите изјави на градоначалничката, односно за заканите од Мицкоски побаравме став од политичката партија Левица, од каде што велат дека идеолошки ослободените партии кои се водат од личен интерес опстојуваат единствено од нивното присуство во институциите.

Во продолжение ставот на Левица:

– Во низата аномалии кои се содржат во нашиот политички систем, оваа година доаѓа до израз растроеноста на институциите, поради неможноста да се издржи кохабитацијата на централната и локалните власти, укажувајќи дека политичката волја и интересите на раководствата на големите партии предничат во однос на народната волја.

Двата политичко-криминални конгломерати, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ својата моќ ја влечат од народните институции, директно преку испумпување на народните пари, партиски вработувања и нелегитимното и постојано повеќедецениско располагање со државниот апарат.

Иако позадинските структури фигурираат, идеолошки ослободените партии кои се водат од личен интерес опстојуваат единствено од нивното присуство во институциите.

Нивното меѓусебно расчеречување, може да се забележи, дека секогаш престанува и се заменува со насочено и сплотено дејствување во било кој случај кога динамиката на бипартизмот се загрозува.

Затоа, кога на било кој од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ му демне закана од испуштање на институциите, не можат да нè изненадат во поглед на која крајност целат.

Што освен деструктивност да очекуваме во услови на политичка несигурност, кога извесност и стабилност тие структури никогаш не ѝ обезбедиле на Македонија? – велат од Левица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK