Вкусен намаз идеален за време на постите.
Потребни состојки:
500 г сварен грав
12 до 15 парчиња суви домати
2 чешни лук
3 лажици маслиново масло
сол, бибер, ситно сечкан магдонос
50 г ореви
Начин на подготовка:
Сварете го гравот на вообичаен начин. Може да користите и грав од конзерва.
Сувите домати потопете ги во топла вода за да омекнат. Ако немате, може да користите суви домати во масло, процедете ги од маслото и ставете ги во блендер.
Додадете лук и грав, па измешајте сè за да добиете хомогена смеса.
Додадете маслиново масло и ситно сечкани или мелени ореви. Зачинете по вкус.
По желба може да додадете оригано или мајчина душица. Сето добро измешајте го и послужете.