декември 27, 2024

Веруваме дека Србија е интегрален дел од Европската Унија, на Србија местото ѝ е во ЕУ и ние ќе продолжиме да го поддржуваме тој пат. Потребно е да се искористи овој момент за целиот регион да го приближиме кон ЕУ“.

 Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, денес изјави дека Грција го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина со цел постигнување сеопфатен правно-обврзувачки договор, јавува Агенција Анадолија (АА).

Дендијас по состанокот со шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, рече дека сите претходно потпишани договори мора да бидат применети во целост.

Наведе дека патува за Приштина и дека таму ќе го повтори она што го кажа во Белград, и нагласи дека Грција продолжува да го поддржува европскиот пат на Србија.

„Веруваме дека Србија е интегрален дел од Европската Унија, на Србија местото ѝ е во ЕУ и ние ќе продолжиме да го поддржуваме тој пат. Потребно е да се искористи овој момент за целиот регион да го приближиме кон ЕУ и не смееме да дозволиме трети страни да го злоупотребуваат одложувањето на тоа приближување. Веруваме дека целиот Балкански Полуостров мора да има заедничка иднина“, рече Дендијас.

Тој истакна дека е уверен дека Србија ќе продолжи со реформите на европскиот пат, нагласувајќи дека билатералните односи се многу добри.

Наведе дека со Дачиќ разговарал за организирање на трилатерални самити Грција – Србија – Северна Македонија, и за средби меѓу Грција, Албанија и Србија.

Српскиот шеф на дипломатијата, Дачиќ, говорејќи за ситуацијата во Косово истакна дека во интерес на Србија е мирот да биде сочуван и да се води дијалог за спорните прашања.

„Интерес на Србија е да се спречат сите евентуални инциденти не само на Косово, туку и во регионот“, посочи Дачиќ.

Нагласи дека Србија сака да биде фактор на мирот и стабилноста во регионот и ѝ се заблагодари на Грција за поддршката на европските интеграции и територијалниот интегритет на Србија, и што има принципиелна позиција кога станува збор за Косово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK