мај 15, 2026

Барселона го победи Реал Мадрид со 3:0 во пријателскиот натпревар одигран синоќа во Далас. Головите за Каталонците ги постигнаа Осман Дембеле, Фермин Лопез и Феран Торес. Винисиус Жуниор промаши пенал за Реал, а „кралевите“ вкупно петпати ги погодија дирекот или гредата од противничкиот гол.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, призна дека резултатот сепак не дава реална слика за случувањата на натпреварот.

„Играта беше израмнета. Резултатот залажува, исходот можеше да биде поинаков. Се случи сѐ, од периодите во кои требаше да бидеме трпеливи до оние кога имавме посед. Не одигравме лошо, среќни сме со резултатот. „Ел Класико“ никогаш не е пријателски натпревар“, изјави Чави.

 

The post Чави: „Ел Класико“ никогаш не е пријателски натпревар appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK