мај 15, 2026

Затвореник од Кочани, кој бил осуден на 18 години затворска казна, користел викенд отсуство и се шетал со пиштол и куршуми.
Полицијата го привела на булеварот Гоце Делчев во Штип со автоматски пиштол „шкорпион“ и 21 куршуми калибар 7.65 милиметри.

Како што објавија од МВР, се работи за 51-годишен кочанчанец со иницијали В.И..

„Лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд отсуство“, велат од МВР.

Најавуваат дека за случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

The post Затвореник на викенд отсуство се шетал со пиштол низ Штип appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK