мај 14, 2026

Актерот Тони Михајловски објави фотографија на ден пред Илинден со која се потсети на снимањето на филмот „До балчак“ на Столе Попов.

Насловот на филмот соодвествува и на ситуацијата од фотографијата. Облечен во костум на турски аскер, гаќи и чорапи, во улогата на Музафер на филмскиот сет, на Михајловски му дошло „До балчак“.

„Јусуф ти ли си бе“, „Од увек сам сумјаја дека Турци носив жути гаќе“, „За многу години со гаќи“, „Абе ќерата“, се дел од коментарите.

Михајловски се пошегува па и искоментира „Држам пиштол у руката. Али покрај гачава никој не го приметуе. Или на пример дека господинот позади е Столе Попов“, напиша Тони.

Филмот премиерно беше објавен во 2014 година, чие сценарио е на македонскиот драматург Горан Стефановски.

Филмот беше македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар странски филм. На 13 февруари 2016 година, филмот беше прикажан во Шведска, во рамките на „Balkan New Film Festival“, а во март учествувал на фестивалот „Febiofest“ во Прага, а беше прикажан и во Минхен, во рамките на 10. Денови на Балканот.

The post До балчак пред Илиден, а од гаќите никој не го виде пиштолот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK