мај 14, 2026

Канадскиот премиер Џастин Трудо се разведува од неговата сопруга Софи по 18 години брак откако имале разумни и тешки разговори.

Парот изјавил дека ќе останат блиско семејство. Тие се венчаа во Монтреал во 2005 и добија три деца.

Од канцеларијата на канадскиот премеир изјавиле дека иако потпишале документи за развод, тие ќе продолжат заедно да се појавуваат на јавни настани.

„Ја замолуваме јавноста за приватност заради добросостојбата на нашите деца. Остануваме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг и кон сето она што заедно сме го граделе и ќе го градиме“, стои во заедничката изјава на Инстаграм.

Џастин и Софи Трудо ја почнаа врската во 2003 година кога таа работеше на телевизија.


The post Канадскиот премиер Џастин Трудо се разведува по 18 години брак appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK