мај 14, 2026

Доцна попладнево е откриен вандалски чин врз бистата на полицаецот Горан Стојменовиќ кој загина во Диво Насеље. Бистата во спомен на паднатиот полицаец е во Инџиково од каде е Стојменовиќ.

Бистата со неговиот лик е исчкртана со спреј, а пречкртана е и плочката со неговото име и пораката „Хероите живеат вечно“.

Осквернавен е и комплексот во кој се наоѓа бистата и во кој има и 9-метарски крст, а оштетени се повеќе икони во овој парк посветен на загинатиот полицаец. Паркот се наоѓа во близина на месната заедница Питу Гули во Инџиково.

За инцидентот е известена и полицијата која изврши увид на местото каде се оддава почит на нивниот загинат колега, а најблиските бараат брзо расветлување на овој вандалски чин.

Вандализмот се случил на денешниот голем национален празник-Илинден.

The post На големиот празник Илинден вандали ја оштетиле спомен-бистата на полицаецот Горан Стојменовиќ кој загина во Диво Насеље appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK