мај 14, 2026

Актуелната Мис на Венецуела, Аријана Виера загина во сообраќајка во Орландо, Флорида. Нејзината мајка Вивијан Очоа рече дека била многу уморна додека возела и деак заспала на воланот. Виера удрила во автомобилот пред неа, по што се здобила со сериозни повреди. Починала на пат кон болницата.

„Ја оживеаја, но потоа доживеа срцев удар. Лекарите успеале и по втор пат да ја оживеат, но за жал починала кога ја однеле на трауматологија, рече Очоа, а пренесе британски „Сан“.

Виера требаше да ја претставува Венецуела на изборот за Мис Латинска Америка 2023 во Доминиканската Република во октомври. Манекенката се подготвувала и да учествува на натпревар за убавина во Њујорк.

The post Мис на Венецуела, Аријана Виера загина во сообраќајка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK