мај 14, 2026

Новиот македонски прволигаш Воска доведе уште еден црногорски интернационалец. Дебитантот во елитата го ангажираше и играчот од средниот ред Јован Николиќ.

Тој доаѓа од Сутјеска, тимот за кој оваа сезона одигра три натпревари во Конференциската лига и еден во првенството.

Јован Николиќ со Воска потпиша двегодишен договор. Се работи за искусен фудбалер кој освоил четири титули во Малезија, една со Сутјеска во Црна Гора како и два Купа на Црна Гора, и уште еден куп трофеј со Младост Подгорица.

Николиќ одиграл 259 меча во Малезија, а бил член и на Партизани Тирана.

 

The post Воска Спорт го доведе Црногорецот Јован Николиќ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK