мај 14, 2026

Загина актуелната Мис Венецуела. 26-годишната Аријана требаше да ја претставува својата земја на изборот за Мис Латинска Америка за 2023 година во Доминиканската Република во октомври. Нејзината мајка изјавила дека ќерка и заспала од замор додека возела и удрила во автомобилот пред неа. Како што вели, брзата помош пристигнала брзо и двапати ја оживеале Аријана, но таа починала на пат кон болница.

„Ја оживеаја и потоа имаше срцев удар. Повторно ја оживеаја, но таа почина кога ја однесоа на трауматологија“, рекла нејзината мајка, пренесува The Sun. Она што најмногу  заинтригира многумина е нејзиното видео од пред само неколку месеци во кое таа изгледа како да ја предвидува својата смрт.

„Се снимам себеси за иден погреб бидејќи секогаш сум јас на видеата, никој друг не го прави тоа“, напишала таа во описот на  видео што го објави на социјалните мрежи.


The post Загина актуелната Мис Венецуела, ја предвидела својата смрт appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK