мај 14, 2026

Рајан Гослинг смисли незаборавна прослава за режисерката на „Барби“, Грета Гервиг, за да го одбележи нејзиниот роденден . Подарокот на актерот вклучуваше група Барбики и Кени кои ја развеселија режисерката на нејзиниот роденден.

На официјалниот Инстаграм-профил на филмот „Барби“ има видео на кое се гледа како Гервиг прекинува со вежбање пилатес откако танчери упаѓаат во просторијата и почнуваат да танцуваат на песна од филмот.

Режисерката на „Барби“ наполни 40 години минатиот петок и доживеа шок на часот по пилатес кога група танчери се појавија и почнаа да танцуваат на песната ‘I’m Just Ken’ – песна што ја пее Гослинг како Кен во филмот.

На видеото се гледа како Грета се кикоти и го стега лицето со рацете кога група Барби-танчерки почнуваат да танцуваат на песната Dance the Night на Дуа Липа, прикажана во филмот.

Клипот беше објавен на официјалната Инстаграм-страница на „Барби“ со објаснување: „Како што знаат сите Кени… Понекогаш единствениот начин да ги изразите вашите чувства е преку песна и танц!“

 

The post (Видео) Рајан Гослинг ја изненади за роденден Грета Гервиг чии филм Барби руши рекорди на киноблагајните appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK