мај 14, 2026

 Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кичево поднела кривична пријава против едно физичко лице во својство на претседател на Управен одбор на правен субјект за сторено кривично дело Измама по член 247 став 4 од К.З. на РСМ и три службени лица за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 3 од К.З на Република Северна Македонија.

– Во текот на 2021 година во судска постапка пред Апелационен суд во Гостивар со намера да се стекне со противправна имотна корист првопријавеното физичко лице лажно прикажал факти, односно второпријавениот, третопријавениот во својство на овластени ветеринари и четвртопријавениот во својство на в.д директор на Јавно претпријатие со искористување на своите службени положби прибавиле противправна имотна корист за првопријавениот на начин што во два записници од Агенција за храна и ветеринарство на Р.С.Македонија и еден Записникот од Јавно претпријатие, внеле невистинити податоци и истите ги овериле со свој печат и потпис, а првопријавениот ги употребил во судска постапка и по основ на штета, се здобил со противправна имотна корист од 5.905.636,00 денари на штета на Буџетот на Република Северна Македонија, појаснуваат од Управата за финансиска полиција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK