Јас не пораснав со песните на Бон Џови, Мајкал Џексон, Елвис Присли, Синатра, или музиката на Бетовен, Бах и Рашмањинов… Јас сум дете од село кое до 2001 година немав прилика да имам компјутер или цд плејар за да слушнам нешто друго. Јас пораснав со песни и музика од Цветници и Валандово. И да сакав да чујам нешто друго немав прилика“, откри познатиот пејач Јордан Митев за Гламур.
„Се сеќавам првото ЦД во 2000 го купив кога се запишав средно музичко во Штип од Енрике Иглесијас, не знам како но слушнав некаде некои негови балади кои ми оставија силен впечаток и сакав да имам ЦД за да ги слушам, но немав ЦД-плејар.“
Така да ЦД-то ми стоеше во фиока 1 година додека родителите да соберат пари за да ми купат систем на ЦД. Уште го чувам и му се имам радувано како да сум добил лото“, вели Митев за Гламур.мк.
Така да јас пораснав со традиционалната музика, но бев жеден да чујам и се останато. Така во изминатите години акомулирав музика од секаде, слушав се, од фолк, до рок, класика, поп до џез. Поминав низ образовниот процес и тоа мене ме оформи како музички лик кој денес е стигнат до таму каде што е“, открива Митев
The post Јас сум дете од село кое немало прилика да има компјутер – познатиот пејач Јордан Митев си ја отвори душата appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
