– Извршниот одбор на регионалната ракометна СЕХА Гаспром лига донесе денеска одлука како ќе изгледа составот на натпреварување за сезоната 2022/23 во која ќе се натпреваруваат две македонски екипи, шампионот Вардар 1961 и вицепрвакот Еурофарм Пелистер.
Еурофарм Пелистер ќе игра во групата А заедно со Нексе и Војводина, додека Вардар е во групата Б заедно со Татран Прешов и Партизан.
Актуелниот освојувач на СЕХА лигата, Веспрем, и ППД Загреб ќе се вклучат директно во четвртфиналето.
Завршниот турнир ќе се одржи од 21 до 23 април идната година.
Следете не, не има насекаде