– Турскиот кошаркарски гигант Фенербахче објави денеска дека потпишал договор со грчкиот центар Костас Адетокумбо, кој е брат на кошаркарот на НБА лигашот Милвоки, Јанис Адетокумбо.
Грчкиот центар неодамна доби отказ во Чикаго, по што одлучи кариерата да ја продолжи во турскиот клуб.
Костас Адетокумбо (25), како што е соопштено, потпишал договор со Фенербахче до крајот на оваа сезона.
Неговото деби се очекува в четврток, кога Фенербахче го пречекува белградски Партизан во рамки на 15. коло во Евролигата.
Следете не, не има насекаде