мај 13, 2026

Сите 105 навивачи уапсени за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта во кои беше убиен 29-годишниот навивач на атинскиот тим, ќе бидат притворени, откако и на последните 35 уапсени денеска им беше одредена мерка притвор.

За време на тридневното маратонско сослушување, ниту еден од уапсените не беше ослободен од обвиненијата за кои се товарат, а од 105 лица, 102 се хрватски државјани, двајца се Грци, а еден е Албанец.

ВУЧИЌ ПРОТИВ ИСТОПОЛОВИ БРАКОВИ: Додека сум претседател нема да има трет пол во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ гостуваше во емисија на ТВ Пинк каде зборуваше …
Теа Таировиќ никогаш не прави една работа за да има пари и навистина функционира | Секогаш чукам во дрво

Теа Таировиќ својата огромна популарност ја круниса со голем солистички концерт на …

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу оние кои денеска дадоа исказ пред истражен судија и добија мерка притвор се и петтемина Хрвати, кои ден по инцидентите беа уапсени на пристаништето во Игуменица, во обид со брод да ја напуштат Грција.

Притворените 105 навивачи ќе бидат префрлени во 16 затвори во цела Грција, а паралелно продолжува истрага за откривање на сторителот на убиството на навивачот и се очекуваат резултатите од ДНК анализата по примероците земени од уапсените.

Уапсените се товарат за четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла, како иако убиецот сѐ уште не е идентификуван, за криминална организација, за експлозија и поседување експлозивен материјал итн.

Процесот на сослушување пред истражните судии започна во петокот напладне, а заврши вечерва околу 21 часот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK