мај 13, 2026

Мајка и син од Скопје се во очајна состојба во Сплит. Тие таму се веќе еден месец, но газдата не им дава плата, а не ги исполнил ниту ветувањата за сместување и оброк.

Кулминација на нивната невоља е и тоа што некој им ги украл и парите кои тие со себе ги понеле од Македонија.

Семејството сега бара итен начин да се врати назад, но немаат пари за билети кои чинат 120 евра.
Освен ова дополнително проблем е и тоа што овде ги чекаат два месеци неплатена кирија за станот.

Мајката и синот во Хрватска заминале преку агенција која за нивната невоља сега не сака да слушне. Јавно бараат помош за да си ги платат билетите и најбргу што може да се вратат во Македонија.
ВИДЕО ТУКА

The post Мајка и син се заглавени во Хрватска: Газдата не им плаќа и немаат пари за ништо. Бараат итна помош(Видео) appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK