Видео на кое жена влегува во Фонтана ди Треви во Рим и полни вода во шише, стана хит на социјалните мрежи. Оваа не е првпат туристите да ги сквернават историските споменици и туристичките атракции во Италија. Истото се случи и пред неколку дена со вандалските инциденти во Колосумот.
Како што може да се види на видеото, неидентификуваната жена целосно ги игнорирала знаците на кои стои дека е забранет влез во фонтаната.
Инцидентот кој се случил во јули, завршил со интервенција на полицијата, а видеото стана јавно во последните 24 часа.
The post (Видео) Жена влезе во Фонтана ди Треви да наполни шише со вода, па заврши во полиција appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
