Манекенката Горјана Кулишевска – Џоја од Македонија неодамна во Милано се фотографираше и изработи лукбук за престижниот светски моден бренд Александар Меквин.
Фотосесијата била организирана во главните простории на модната куќа во Милано, е фотографиите се наменети за познатата групација „Нет-а-Портер“.
Кулишевска неодамна потпишала договор со една од најдобрите модни агенции „Некст Моделс“, по што веднаш и следувал ангажман.
„Кулишевска е долги години на модната сцена, но сепак победата на „Лице на Годината за 2017 година“ и ги отвори вратите на светскиот моделинг. Покрај Моделс Ин Менаџмент кариерата на нашата Џоја и ја води познатата менаџерка Јелена Ивановиќ од Белград која успешно ја пласираше во Милано и Париз. Елегантна, софистицирана и професионална, Кулишевска е синоним за врвен модел која секогаш успева посветено да работи како интернационален модел и воедно одличен студент по молекуларна биологија. Од Септември почнува новата сезона за Џоја и веруваме следува некоја докажана модна дестинација”, велат од нејзината матична агенција Моделс Ин.
The post Македонската манекенка Горјана Кулишевска се фотографираше за светскиот моден бренд Александар Меквин appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
