„Жал за Ефтина“ е новата песна која е заедничка соработка на македонскиот рап состав Пука Козметика од Скопје со охридските рапери Бед Контракт, Багзи, Топал и Вик Какаротски.
„Песната е инспирирана од поема на Роксан Казанова, а се обработува темата за сите девојки кои го ставаат материјалното пред емоциите“, порачуваат од тимот кој работеше на песната.
Песната е снимена во МВП студиото во Охрид, музиката е на Пука Козметика и Наум Доловски- Мечка кој го изработи и аранжманот, додека текстот е заеднички на сите музичари кои се дел од проектот.
The post (Видео) „Жал за Ефтина“ нова песна на Пука Козметика со рапери од Охрид appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
