мај 13, 2026

Манчестер јунајтед едвај успеа да победи против Вулверхемптон на отворањето на сезоната пред своите навивачи. Сведок на лошата игра на фудбалерите на Манчестер јунајтед, на „Олд Трафорд“ беше и легендата на клубот, сер Алекс Фергусон.

Фергусон во интервју за „Скај спорт“ истакна дека е импресиониран од работата на Ерик Тен Хаг и играчите кои беа доведени.

„Ерик фантастично работи. Тој ги презеде работите во свои раце, ги доведе играчите што ги сака, што е многу важно, а ако шпицот се разигра, тие се на вистинскиот пат. Таа позиција беше голем проблем пред години “, рече Фергусон и дополни.

„Составот на тимот е многу добар. Имаат искуство во одбраната во Варан и Мартинез, средниот ред во Ериксен и Касемиро. Има добра основа и се формира преку голманот и напаѓачот. Имаат голман атлета и напаѓач за кој се надевам дека брзо ќе се вклопи“.

The post Сер Алекс: Тен Хаг е фантастичен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK