мај 13, 2026

Поранешната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Милица Атанацковиќ стана мајка. Милица со сопругот Алекса го добија синот Андреј.

„Цуце наше малечко. Добредојде на овој свет. Ќе те чуваме од секое зло и ќе те сакаме најмногу до небо. Ти си нашето мало лавче кое само си одлучи кога ќе пристигне. Сине наш, убавецу наш“, рече Милица и откри дека и таа и бебето се добро. Андреј е тежок 3259 грама и висок 53 сантиметри.

За името Милица рече дека бил заеднички избор со Алекса и дека се одлучиле за Андреј затоа што значело храбар и способен. За потсетување, Милица која беше во тимот на Ѓорѓе Давид, со Алекса се венчаа минатото лето. На свадбата ѝ беа голем број колеги меѓу кои и Александар Јосифовски.

 


The post Ѕвездата на Гранд Милица Атанацковиќ стана мајка, пејачката го доби Андреј appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK