мај 13, 2026

Младиот радиолог од Тетово, Асаф Абдурамани е новиот в.д директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

-Владата, на денешната седница, ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Владата.

Постапката следува откако денеска Ахмети ја напушти директорската позиција на оваа институција со образложение дека ќе се посвети на партиските предизвици во ДУИ.

-Почитувани граѓани, Почитувани соработници и сопартијци,

Ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата Генерален Директор на Фондот за Здравствено Осигурување на Република Северна Македонија.

Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети“, објави во текот на денот сега веќе екс-директорот на ФЗОМ.

The post ФЗОМ доби нов директор: Радиологот од Тетово, Асаф Абдурамани е новиот в.д директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK