мај 13, 2026

Обидите за страв и замолчување како во времето на комунизмот воопшто не не плашат, продолжуваме со кренати глави, пишува тетовскиот градоначалник, Билал Касами откако Министерството за внатрешни работи поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против него и против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу поради дел од скандалите на пречекот на косовскиот премиер, Албин Курти.
Касами вели дека се работи за уцени во обид да ја попречат здружената опозиција.

„Времето на заплашување на Албанците, нивно апсење и носење во озлогласени полициски станици е мртво, заедно со тоа наскоро ќе умре и овој ваш комунистички режим. Вие продолжувате да бидете вазали на Белград, затоа што таму ќе завршите сите, додека ние како опозиција се среќаваме со овој народ и се плашиме само од албанскиот народ“, пишува Касами.

The post Касами му се спротистави на Спасовски: Времето на заплашување Албанци е мртво, се плашиме само од албанскиот народ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK