мај 13, 2026

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, ќе остане на функцијата и ќе го одработи договорот кој има важност до крајот на квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Ова значи дека до ноември ќе ја предводи селекцијата на Македонија во квалификациите.

ФФМ одлучи да не го смени, ни по изјавата на капитенот Стефан Ристовски, кој рече дека привремено ќе се повлече од репрезентацијата, затоа што не се во добри односи.

Одлуката на ФФМ стави крај на шпекулациите дека Македонија ќе има нов селектор до крајот на договорот на Благоја Милевски. За потсетување, како можни негови наследници се споменуваа имињата на Владан Милојевиќ и на Миодраг Божовиќ.

Ристовски се повлече од репрезентацијата поради нарушениот однос со селекторот Милевски

 


The post Милевски ќе ја води Македонија до крајот на квалификациите за Европско во 2024 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK