декември 3, 2024

Tело на 26-годишен македонски државјанин е пронајдено на 17 декември околу 21 часот во близина на трговскиот центар „Парадајз” во Софија, јавува дописникот на МИА од Бугарија.

Телото е испратено во Одделот за судска медицина. За случајот е поведена предистражна постапка.

Според првичните сознанија, нема траги на насилство на телото на македонскиот државјанин, и најверојатно станува збор за предозирање.

Министерството за надворешни работи информира дека веднаш по добиената информација за пронаоѓање на телото нашиот државјанин С.С. во Софија, преку Амбасадата на земјава во

Бугарија, стапило во контакт со бугарските надлежни органи, од кои се добиени првични информации за случајот.

Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и тие се информирани за случајот.

The post Македонски државјанин пронајден мртов во Софија appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK