Вежбањето чучњеви ќе го забрза вашиот метаболизам што поттикнува побрзо согорување на мастите и тоа може да резултира со губење на тежината.
Сè на сè, редовното изведување на чучњеви ќе го подобри квалитетот на животот и ќе ги олесни секојдневните задачи и обврски. За почеток, важно е да знаете како правилно да правите чучњеви:
Кога сте во положба, важно е вашите колена да не одат преку врвот на прстите. Доколку правилно го изведете чучнувањето, при секое повторување, односно враќање од чучнувањето во почетната позиција, ќе почувствувате контракции на глутеалните мускули.
Ако не чувствувате како мускулите се стегаат, тогаш најверојатно вашата телесна тежина ја пренесувате на предниот дел на стапалата наместо на петите. Ова значи дека најголемиот дел од работата ја вршат квадрицепсите, а не задните мускули. За да го поправите ова, префрлете ја телесната тежина на вашите потпетици и стискајте ги глутеусите додека се враќате на почетната позиција.
Повеќето експерти советуваат да се изведуваат сет од десет до дваесет или триесет сквотови дневно, два до три пати неделно.
Вашиот план за изведување чучњеви исто така може да биде како што следува:
20 чучњеви дневно – совршени за почетници. Ако додавате сквотови во вашата програма за вежбање, треба да започнете со не повеќе од 20 чучњеви. Кога ќе ви стане лесно, можете да го зголемите бројот на сквотови.
50 чучнувања на ден – одлично за оние кои особено сакаат да го забрзаат метаболизмот.
100 чучњеви на ден – идеални за луѓе кои сакаат да ги видат и почувствуваат многуте резултати од вежбањето, вклучувајќи зголемена мускулна маса, подобра издржливост и промени во животниот стил.
Следете не, не има насекаде