декември 4, 2024

Пензиските реформи во сериозни држави се прават врз основа на анализи и дека се потребни сериозни политки да зголеми вработувањето на младите, да пораснат платите, а со тоа да се зголемат и средствата во ПИОМ, сметаат во ССМ.

Потребно е предвремено пензионирање, а не зголемување на старосната граница, е ставот на Сојузот на синидкати на Македонија, откако вчера Фискалниот совет предложи да се зголеми границата за пензионирање и за мажи и за жени на 67 години. Оттаму сметаат дека без да се прашаат работниците, не може да се продолжува нивниот работен век. Од друга страна, добрата вест е што засега Владата не размислува да го процесуира овој предлог на советот.
Во ССМ потенцираат дека пензиските реформи во сериозни држави се прават врз основа на анализи и дека се потребни сериозни политки да зголеми вработувањето на младите, да пораснат платите, а со тоа да се зголемат и средствата во ПИОМ.

„Вакви избрзани мерки преку зголемување на стапката на придонес или продолжување на возраста за пензионирање само и исклучиво во обем потребен за покривање на дефицитот на Пензинскиот фонд и таквите мерки на долг план не вложувале со плод, напротив структурните проблеми останувале нерешени и проблемите се повторувале“, велат во ССМ.
Денеска и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во изјава за МИА го оцени предлогот на Фискалниот совет за несериозен и рече дека ваквите избрзани мерки се неодржливи на долг рок. Според него, за младите да се задржат да живеат и работат во земјава, како што вели Трендафилов, потребно е воведување на мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос според меѓународните трудови стандарди.
Мета.Мк

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK