мај 13, 2026

Вчера во 20 часот и 20 минути во СВР Тетово е пријавено дека во станбена зграда на улица „Илинденска“ – Блок 87 во Тетово настанал пожар на катна табла од електричната инсталација. Со интервенција на тетовската територијална противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад на неколку станари им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово.

Увид извршила екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK