мај 13, 2026

Времето денесика ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=7, извести УХМР.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени, велат од УХМР.
Ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме, особено во сабота.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK