мај 13, 2026

Состојки:

– 450 гр модар патлиџан

– 250 гр презла

– 70 гр брашно

– 30 гр рендан пармезан

– 3 лажици маслиново масло

– 2 големи јајца

– 1 лажица мешавина од медитерански зачини

– сол и бибер по желба

Подготовка:

Модрите патлиџани исечете ги на кришки дебели околу еден сантиметар. Добро посолете ги и ставете ги во чиста памучна крпа околу половина час. Солта треба да го извлече вишокот вода од модриот патлиџан.

Загрејте ја рерната на 220 степени и во неа ставете плиток плех.

Во еден сад изматете ги јајцата, во друг ставете брашно, а во третиот презла измешана со медитерански зачини, малку бибер и рендан пармезан.

Со помош на памучна крпа, исцедете го вишокот вода од солените парчиња модар патлиџан.

Вака подготвените кришки од модар патлиџан валкајте ги во брашно, јајца, а потоа во смесата со презла. Постапката повторете ја додека не ги потрошите сите состојки.

Внимателно извадете го врелиот плех од рерната и рамномерно прелијте го со три лажици масло.

Модрите патлиџани ставете ги во еден слој на подмачкан плех и вратете ги во рерна.

Печете околу 20 минути додека долниот слој од модар патлиџан не добие крцкава кафеава кора. Превртете го модриот патлиџан и печете уште 10 до 20 минути.

Послужете со сос по желба.

The post Трик за совршено крцкав похован модар патлиџан appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK