мај 12, 2026

Борче Стаменов иницијатор на идејата за секое дете да има компјутер, кој стари компјутери поправа и ги донира оваа сезона ја затвора со донирани 2512 компјутери.

„Утре кога ќе се разбудам, „Донирај Компјутер“ веќе ќе биде запишана во историјата како прва и единствена иницијатива во Македонија и пошироко која успеала да донесе, поправи, среди, спакува и испрати над 2512 компјутери на социјално загрозени семејства и училишта низ цела држава“, вели Борче.

Борче вели дека оваа вест треба да грмне и сите да ја видат, а посебно политичарите

„Да знаат дека у Кавадарци има еден човек кој со своите десетина волонтери (а се многу повеќе), средношколци, успева со својата иницијатива Донирај Компјутер секому да му даде шанса за еднакво и квалитетно образование“, вели Борче.

The post Борче Стаменов и „Донирај Компјутер“ слават за 2512 подаени компјутери на социјално загрозени семејства и училишта appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK