мај 12, 2026

Босанскиот рапер Амар Хоџиќ, познат и како Буба Корели е снимен како физички ја нападнал девојка си Петра Цупан среде улица. Прво ја влече за коса, а потоа продолжи да ѝ вика. Цупан се обиде да се одбрани, но Корели продолжи да ја малтретира. Видеото го објавиле новинарите на „Пинк“.

Претходно Петра неколку пати го пријавила Корели за физичко насилство. Полицијата во неколку наврати се појавила во нивниот стан поради пријави за расправии и галама. За потсетување, Буба Корели е еден од најслушаните рапери, чии песни имаат милионски прегледи на „Јутјуб“ и „Спотифај“.

Со пејачот Џала Брат важат за големи идоли на помладата генерација.


The post (Видео) Раперот Буба Корели ја нападнал девојка си среде улица appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK