мај 12, 2026

На новинарско прашање што ќе му каже Ескобар на средбата со Мицкоски тој со насмевка одговори на прашањето дека во никој случај нема да врши тортура како што претходно рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Сакам да кажам дека нема никого да го подложувам на тортура овде, сакам да посочам дека САД не избира Влади за земјите на НАТО но поставуваме очекувања и единствената работа за која ќе зборувам е да ја дадам истата порака која ја ширам во регионот, дека САД ги гледа како природни партнери они кои што се посветени на европската интеграција, НАТО и борбата против корупцијата. И сакам тоа јасно да го посочам, но исто така сакам да слушнам и други гледиша, се надевам дека ќе имаме повеќе да и кажеме повеќе на јавноста“, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

The post Ескобар смееќи одговори: Нема да му вршам тортура на Мицкоски како што предходно изјави тој !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK