Портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, објави дека САД немаат индикации дека авионот со шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој се урна во средата во руската област Твер, бил соборен со ракета земја-воздух.
АВИОНОТ НЕ Е СРУШЕН ОД РАКЕТИ: Пентагон се огласи за смртта на Пригожин
– Оценуваме дека таквите информации се неточни – изјави Рајдер и додаде дека Пентагон верува дека Пригожин е мртов, но дека тоа се уште не е потврдено, пренесува „Гардијан“.
Јасно е дека знаеме дека групата Вагнер има многу пипала, некои од воена природа, некои од криминална природа во Африка. Мислам дека никој нема да ја отфрли опасноста од таа група, или нејзините остатоци – изјави Рајдер.
Тој посочи дека американските претставници ќе продолжат да ги следат активностите на „Вагнер“ во Африка.
Следете не, не има насекаде
