мај 12, 2026

Градоначалничката Данела Арсовска денеска ја отвори манифестацијата “Денови на Мајка Тереза” која е дел од богатата културна понуда во градот во пресрет на кандидатурата на Скопје – Европска престолнина на културата 2028. На настанот се отвори и изложба на мозаици во Спомен куќата на Мајка Тереза на улицата Македонија, на тема „Мајка Тереза – од Скопје до Калкута”, чиј автор е Изет Зеќири, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза” Скопје.

Хуманите дела на нашата скопјанка Мајка Тереза како и нејзините пораки за љубов, мир и солидарност секогаш да се поттик за секој од нас. Да се биде човечен со грижа за оние на кои тоа им е најпотребно е наша секојдневна мотивација и приоритет – истакна денеска градоначалничката Арсовска.

Настаните во рамки на „Деновите на Мајка Тереза” се организирани по повод канонизацијата односно прогласувањето на Мајка Тереза за светица, и истите се одржуваат од 25 август до 5 септември во Спомен куќата на Мајка Тереза.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK