јули 1, 2024

Времето денеска наутро ќе биде студено и особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус шест до три, а максималните ќе достигнат од шест до 10 степени.

Во Скопје наутро ќе преовладува студено време, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до минус четири, а максималните ќе достигнат до шест степени.
Во наредните денови следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Во среда по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, кога и дневните температури ќе се задржат пониски. Потоа дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK