мај 12, 2026

Хрватската пејачка Нина Бадриќ во интервју строго ги осуди денешните нереални стандарди за убавина.

„Има огромен притисок врз жените, дека мора да бидат многу убави, совршени, еднолични, слични и дека ова е прототип на вистинска жена“, вели Бадриќ во интервју за хрватската емисија „Ин магазин“.

„Колку е постара жената, толку е поповлечена, а колку е постар мажот – толку е пошармантен, дури и ако е дебел, запоставен, валкан, има стомак до заби. Секогаш ќе се најде некој кој ќе рече: ‘Тој е боемски шармантен’, а не е важно што смрди на километри. На жените секоја брчка им е нагласена, па првиот коментар ќе биде: ‘Види ја оваа, колку пропаднала!“, заклучи Бадриќ во разговорот за познатата емисија.

The post Нина Бадриќ: Колку е постара жената, толку е поповлечена, а мажите се пошармантни и смрдат на километар appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK