јули 1, 2024

 Соработката Атина- Приштина во економијата, енергетиката, културата и здравството, регионалните случувања, вклучително и европската перспектива на Западен Балкан и случувањата во дијалогот Белград-Приштинa, според грчкото МНР, се очекува да бидат темите за кои министерот за надворешни работи Никос Дендиас ќе разговара на средбите за време на неговата денешна посета на Косово, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас ќе се сретне со шефицата на косовската дипломатија Доника Грвала–Шварц, а премиерот на Косово, Албин Курти ќе му приреди работен ручек.

За време на еднодневната посета на Приштина, планирано е министерот за надворешни работи на Грција да се сретне и со претставници на грчкиот одред на КФОР.

Од грчкото МНР потсетуваат дека Дендиас ја посети Приштина во октомври 2020 година, во јуни 2021 година и во јуни годинава, додека шефицата на косовската дипломатија беше во Атина во јануари годинава.

Дендиас вчера беше во посета на Белград каде што се сретна со неговиот српски колега Ивица Дачиќ, а како што јави дописникот на МИА од Белград, шефот на грчката дипломатија рече дека официјална Атина го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина за да се постигне сеопфатно правно обврзувачко решение и нагласи дека сите досегашни договори мора целосно да се применат.

– Патувам за Приштина и таму ќе го повторам истото, изјави Дендиас по разговорот со Дачиќ и соопшти дека телефонски разговарал со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за тој дијалог и за напорите што се преземаат за намалување на тензиите на северот на Косово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK