мај 12, 2026

Aвстралијците Вил и Ди се запознале пред неколку години на Тиндери по 12 месеци врска сфатиле дека очекуваат многу повеќе од сексуалноста и дека моногамијата не е нешто што ги исполнува.

Во меѓувреме пробале секс со повеќе од стотина партнери и се договориле нивната венчавка да биде таква што свечениот ден ќе им биде одбележан со воздишки на сите страни.

„По церемонијата ќе направиме свингерска забава бидејќи и онака ќе имаме многу гости кои доаѓаат од тој свет. Ако некому му пречи таква забава, ќе го испратиме дома, а нашето откачено друштво ќе продолжи да се забавува“, рекле Вил и Ди во интервјуто за каналот „Love Don’t Judge“, по што таа ја покажала долната облека што ја избрала за оваа пригода.

 

Лани Вил и Ди отворија профил на ОнлиФенс (OnlyFans), а исто така ги претставија и своите сексуални навики на ТикТок. Тој дури неодамна ѝпризнал на мајка си дека е свингер кој сака да се снима.

Инаку, надвор од нивниот свингерски живот, Вил и Ди живеат сосема нормален живот во конзервативно село во Квинсленд. Тие работат на фармата на нејзините родители, таа се грижи за коњите, а тој за шестесеттина говеда.

 

The post (Видео) Свингери спремаат свадба на која ќе има многу секс со гостите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK