мај 12, 2026

Минатогодишните финалисти, бранителот на титулата Магдебург и Фуксе од Берлин, ќе се сретнат во полуфиналето на завршниот ракометен турнир од Лигата на шампионите оваа сезона, кој ќе се игра во Келн на 13 и 14 јуни.

Ова беше одлучено со ждрепка во Виена.

Минатата година, Магдебург беше поуспешен од Фуксе во финалето со 32:26 и со тоа ја освои својата петта континентална шампионска титула.

Дванаесеткратниот европски шампион Барселона и дански Олборг ќе се сретнат во второто полуфинале. Тоа ќе биде реприза на финалето од пред две години, во кое Барселона победи со 31:30.

Share

The post Познати се полуфиналните двојки на Ф4 на Лигата на шампионите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK