мај 12, 2026

Ким Катрал во втората сезона на „Сексот и градот“ се појавува во улогата на Саманта во последната епизода.

Саманта се појави за нешто повеќе од една минута, поточно 70 секунди, и тоа само додека разговара со Кери на телефон. За таа сцена и вкупно 20 изговорени реплики добила неверојатни милион долари, пишува Дејли Мејл. Тоа би значело дека Ким заработувала приближно 16.666 долари во секунда од сцената.

Наводно и се јавиле продуцентите на серијата и прашале што да направат за да ја убедат да се врати. Покрај тоа што барала милион долари, Ким барала облеката да ја избере Патриша Филд, костимографката која ги облече девојките во оригиналната серија, но не и во новото продолжение.

Патриша направи пауза од работата на серијата Емили во Париз и ја избра комбинацијата на Саманта. Иако официјалната причина за отсуството на познатата костимографка е уште еден проект, многумина се сомневаат дека таа одбила да работи на серијата како поддршка на нејзината добра пријателка Ким.

Да потсетиме дека Ким, која долги години не е во добри односи со Сара Џесика Паркер, ја одби поканата за снимање на серијата. За филмовите таа постави услови кои се поинакви од оние на остатокот од актерската екипа, а веќе имаше тензии меѓу поранешните колеги.

 

The post Ким Катрал за 70 секунди и 20 реплики во втората сеозна на „Сексот и градот“ заработи милион долари   appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK