мај 12, 2026

Ексклузивните наоди од некрополата Требенеште, кои во 2019 година во соработка на музеите на Северна Македонија, Србија и на Бугарија, беше поставена во Скопје, како што беше тогаш најавено, го продолжува својот пат и ќе биде претставена пред бугарската јавност, во Националниот археолошки институт со Музеј при Бугарската академија на науките во Софија.

Продолжува меѓународната соработка во културата помеѓу Македонија, Србија и Бугарија, со реализација на ексклузивната заедничка изложба со која беше одбележана сто годишнината од откривањето на единствената некропола во Требенеште, напиша на својот Фејсбук профил, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Со огромен интерес од јавноста беше проследена уникатната поставка „100 години Требенеште“ , која во Скопје беше отворена 6 месеци, а која во Софија ќе биде реализирана како „105 години од Требеништа“.

Со оваа изложба продолжува соработката помеѓу трите земји за заокружување на ексклузивната приказна за Требеништа кое е прв и можеби единствен пример на локалитет што е истражуван од три земји, промовиран преку три музеи, од Скопје, Белград и Софија.

The post Изложбата „100 години Требеништа“ од Скопје се сели во Софија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK