мај 12, 2026

Ограбена канцеларијата на „Донирај Компјутер“ во Кавадарци, информираше Борче Стаменов, човекот одговорен за голем број деца да имаат услови за следење на онлајн наставата во време на пандемијата.
Се деси и тоа. Сабајле у 3.59 некој ги обил канцелариите на #ДонирајКомпјутер у Кавадарци. Украл 4-5 Леново лап топа, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120гб. Имаме снимки кои треба да ги прегледаме утре во полиција и опис на лоповот. Ако некој ви понуди нешто за продавање од споменатите работи или видите оглас, ве молам да ми пишете. Кавадарчани ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота, напиша Стаменов на Фејсбук.

„Донирај компјутер“ е непрофитна невладина организација чија цел е секое семејство во Македонија да има по барем еден компјутер бидејки компјутерот е потребна алатка за учење, а не луксуз. Веќе шест години се вршат донации на половни компјутери низ територијата на цела Македонија и на над 1500 семејства им е обезбеден компјутер.

The post Украдени лаптопи спремни за донација-Разбојници упаднале во канцеларијата на „Донирај Компјутер“ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK