Вчера од страна од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички истраги при ОВР Прилеп проширена е истрагата во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“ на семејна веселба во с.Дебреште.
– Идентификувани се повеќе лица кои пукале со оружје на веселбата и за сите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Двајца од нив се полициски службеници: Н.И.(28) и Е.И.( 28) од ОВР Прилеп, а двајца се професионални војници Б.Х.(26) и И.Р.(23), додека останатите се жители од с.Дебреште и с.Саждево, крушевско. Извршени се седум претреси, при што одземено е разновидно оружје кое е употребено за извршување на кривичното дело, соопшти МВР.
Во врска со овој настан вчера (27.08.2023) беше приведен и командирот на ПО Ропотово Е.Р. и на истиот од страна на судија на претходна постапка одреден му е куќен притвор во траење од осум дена.
– Исто како и за Е.Р., и за полициските службеници Н.И.(28) и Е.И.( 28) постапува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и за нив ќе биде поведена дисциплинска постапка и поднесен соодветен поднесок до ОЈО, информира МВР.
The post Приведени уште двајца полицајци кои пукале со огнено оружје на семејна веселба appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
