мај 12, 2026

Нападот со беспилотни летала врз воздухопловната база во рускиот град Псков во вторникот беше извршен од внатрешноста на Русија, изјави денеска шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирил Буданов.

Сепак, тој не кажа дали нападот го извршиле украински или руски оперативци.

Буданов фрла сол на раните на Кремљ! Знаете од каде го нападнавме Псков?!

– Оперираме од руска територија – изјави Буданов за порталот „Воени зони“, пренесува Би-Би-Си.

Украинските власти претходно признаа дека го нападнале Псков во она што се смета за еден од најголемите напади врз Русија од почетокот на инвазијата на Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека оружјето од украинско производство ја погодило целта на оддалеченост од 700 километри.

Псков е на околу 500 километри од украинската граница.

Русија објави дека проверува дали нападите со беспилотни летала на нејзина територија биле извршени од териториите на членките на НАТО.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека зависи од воените експерти да ги утврдат правците на нападите, на прашањето дали владата ја разгледува хипотезата дека нападите со беспилотни летала на руска територија биле извршени од Естонија и Латвија, кои се членки на НАТО алијансата. . Тој додаде дека специјалната воена операција ќе продолжи да ги спречува ваквите закани.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK