мај 12, 2026

Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство.

2.септември.2023Петар Грашо ја испеа песната за првиот свадбен танц на Дарко Лазиќ, а еве колку наплатил за тие 10 минути

Петар Грашо пред неколку дена беше специјален гостин на свадбата на пејачот …
2.септември.2023Македонија може да остане без метеоролози: Нема интерес за студирање метеорологија

Во изминатите две години на студиите по метеорологија студираат само тројца студенти. …
2.септември.2023Малолетничка тешко повредена, паднала од електричен тротинет

На 01.09.2023 во 23:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на …
2.септември.2023Ѓорчев: „Нема првачиња, празни училишта“

0 Сподели

Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци.
-Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.

Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.
Викендов, во Детроит се планирани активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Витмер вели дека македонските имигранти почнале да доаѓаат во САД од пред повеќе од еден век, а денес има над половина милион Американци со македонско потекло во државата.
Нејзината прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Мичиген во 2020 година, го прогласи 8 септември за ден на македонските бизниси, а во 2021 година и Претставничкиот дом на Мичиген донесе резолуција со која го прогласи септември за месец на македонско-американско наследство.
Во оваа сојузна држава живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло.

Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.
Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK